Можно ли е? Рамос сака да си оди од Реал, два гиганти влегоа во трка за негов потпис

По речиси една и пол деценија помината во дресот на Реал Мадрид, Серхио Рамос размислува да си замине од најтрофејниот шпански клуб, пренесуваат тамошните медиуми. Според најавите, Рамос најавил дека разгледува понуди за негов следен предизвик, а се шпекулира дека Пари Сен Жермен и Манчестер јунајтед се најсериозни опции за следната дестинација на капитенот на Реал Мадрид.

Рамос кој има 33 години, во Реал дојде во 2005 година, кога дојде од тимот на Севилја. Со игрите се наметна како незаменлив во дефанзивниот ред и досега одигра 606 натпревари, а постигнал 84 погодоци. Со Реал Мадрид ги освои сите најзначајни трофеи и секако веќе е дел од легендите на клубот.

Некои веруваат дека Рамос ќе остане во Реал, а оваа најава за негово заминување е само „алатка“ за Серхио да добие нов подобар договор со гигантот од „Сантијаго Бернабеу“. Останува летниот преоден рок да покаже дали Рамос навистина е подготвен за нов предизвик или во следната сезона ќе ги предводи Кралевите на теренот.

 

- Оглас -

Најнови вести