Можно ли е, Стефан Ристовски од Динамо Загреб да се пресели во Црвена звезда!?

Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски може да биде балканска фудбалска трансфер бомба за ова лето. За услугите на Ристовски се заинтересира српскиот првак Црвена звезда.

Екс капитенот на Македонија има договор со Динамо до јуни 2025 година, што значи дека ако Звезда сака да го види во своите редови, ќе мора да плати и одредена оштета.

Ристовски во Динамо дојде во 2021 година од редовите на Спортинг Лисабон и во овој период стана еден од омилените фудбалери кај најверните навивачи на Динамо, популарните „Бед Блу Бојс“.

Искусниот десен бек сигурно би бил од голема корист за српскиот првак кој се подготвува за настап во Лигата на шампиони. Ристовски ја започна кариерата во скопски Вардар, а потоа беше дел и од екипите на Парма, Кротоно, Фросиноне, Бари, Латина, Риека и Спортинг, за сега да е верен на Динамо, но прашање е дали летово таа верност ќе заврши и ќе се пресели од Загреб во Белрад и ќе го облече Црвено-белиот дрес на најтрофејниот српски клуб.

- Оглас -

Најнови вести