Скандалот во шпанскиот фудбал со претседателот на сојузот, Луис Рубиалес, кој ја бакна Џени Ермосо на доделувањето на медалите на Светското првенство во Австралија и Нов Зеланд, добива се поголеми размери.
УЕФА и ФИФА покренаа дисциплинска постапка против претседателот на фудбалскиот сојуз на Шпанија, а и шпанската влада покрена процедура за промена на Рубиалес, со оглед на тоа дека тој одби да си поднесе оставка.
Сега фудбалскиот сојуз на Шпанија ја известила УЕФА дека постојат обиди од страна на владата во оваа земја да го промени претседателот. Доколку ова барање биде прифатено од страна на УЕФА, тоа би значело автоматска суспензија на сите шпански екипи од европските купови, но и на сите репрезентации во сите конкуренции и генерации.
Од шпанскиот фудбалски сојуз се повикуваат на правилото кое гласи: “членовите управуваат со својата работа независно и без влијание на трети страни“, но и на правилото според кое “УЕФА нема да го признае било кое тело или одлука на тело кое не е избрано или именувано во склад со наведената процедура, дури ниту привремено“.