Мрдаковиќ бил депресивен подолг период, девојката Ивана вели: Го молев да го тргне пиштолот…

Голема трагедија му се случи на српскиот фудбал, откако денеска со истрел од пиштол се самоуби поранешниот српски фудбалски репрезентативец Миљан Мрдаковиќ.

На 38-годишна возраст познатиот фудбалер си го одзема животот во својот дом во Белград. Присутна во последните моменти од животот на Миљан била и неговата девојка Ивана Станиќ, која за „Телеграф“ опиша што се случувало.

„Многу пиеше во последно време и имаше психички проблеми. Тешко се снаоѓаше по завршувањето на фудбалската кариера. Беше депресивен. Го молев да не пие и да го тргне пиштолот, дури се обидов да излеземе некаде. Влегов во тоалетот да се подготвам за прошетка, а потоа и за на забава, кога оддекна истрел од пиштолот. Се испаничив и го видов како лежи, Веднаш истрчав надвор да побарам помош“, раскажа Станиќ.

Мрдаковиќ играше за олимписката селекција на Србија на Игрите во Пекинг во 2008 година, а настапуваше за повеќе од 20 клубови на планетата, почнувајќи во Андерлехт, па се до простувањето од играчката кариера во ОФК Београд.

 

- Оглас -

Најнови вести