Поранешен репрезентативец на Србија изврши самоубиство!

Некогашниот фудбалски репрезентативец на Србија, Миљан Мрдаковиќ, изврши самоубиство во стан во Белград. Според неговата девојка која била сведок на ужасниот настан, Мрдаковиќ кој имаше 38 години, седнал на кревет, рекол „не можам повеќе“, земал пиштол и си се застрелал во главата. Девојката пријавила во полиција и полицајците кога влегле во станот, го затекнале мртвото тело на поранешниот фудбалер.

Мрдаковиќ беше роден во Ниш, на само 16 години потпиша за Андерлехт, а во српскиот прволигашки фудбал се појави во 2002 година во ОФК Београд. Играше за многу тимови, во Србија за Војводина, Рад, и повторно ОФК во кој во 2017 година ја заврши кариерата. Даде 120 гола, а за селекцијата на Србија настапи на Олимписките игри во Пекинг 2008 година, и таму постигна еден гол.

 

 

- Оглас -

Најнови вести