Му даде чудесен гол на Челзи, а за 10 дена ќе го засилу токму гигантот од „Стемфорд Бриџ“ (Видео)

Челзи се пласираше во полуфиналето на Светското клупско првенство откако со 2:1 го победи бразилскиот Палмеирас. Иако англискиот тим побед, во фокусот на вниманието беше младата ѕвезда на бразилскиот тим Естевао Вилијан.

Талентираниот 18-годишен Естевао одигра одличен меч кој го круниса со фантстичен гол. Иако Палмеирас загуби, токму Естевао беше прогласен за најдобар на натпреварот.

Оваа игра на тинејџерот ги израдува и сите во Челзи. Тоа е така затоа што младиот Бразилец за точно 10 дена треба да биде промовиран во нов играч на лондонскиот тим.

Челзи уште минатата сезона постигна договор со Палмеирас за Естевао, а според догвоорот, Бразилецот треба на 15 јули да биде промовиран во засилување за англискиот гигант. Естевао игра на позиција десно крило, а Челзи за него веќе плати 34 милиони евра, но трансферот со дополнителни бонуси може да достигне и до 60 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести