11.8 C
Skopje
вторник, 26 август 2025

Му го скинаа носот на Златан Ибрахимовиќ (Фото)

Статуата на Златан Ибрахимовиќ во Малме очигледно дека нема да може да остане цела. Неполни два месеци откако беше постаена, а Ибрахимовиќ пречекан како херој, Златан направи потег кој ги разлути фановите на Малме.

Легендарниот шведски напаѓач минатиот месец откри дека купил акции во Хамaрби, кој е голем ривал на Малме. На тој начин, Златан го навлече гневот кај фановите на Малме, кои веднаш започнаа акција да се отстрани статуата.

Фановите неколку пати протестираа, па дури и ја запалија статуата, а сега има нов вандалски чин. Засега непознат сторител, успеал да го откине носот од статуата на Ибрахимовиќ.

- Оглас -

Најнови вести