Запалена статуата на Ибрахимовиќ во Малме (Видео)

Статуата на Златан Ибрахимовиќ пред стадионот на Малме синоќа беше во пламен. Иако беше поставена пред помалку од два месеци, а Ибрахимовиќ доби овации од фановите на клубот во кој ја започна кариерата, работите драстично се сменија.

Причина за ваквото вандалско однесување на симпатизерите на Малме е тоа што тие се почувствуваа предадени од нивниот довчерашен идол. Ибрахимовиќ објави дека купил половина од акциите на Хамарби, а тоа што уште повеќе ги налути симпатизерите на Малме е изјавата на популарниот Ибра.

„Ќе му помогнам на Хамарби да стане најдобриот клуб во Скандинавија“, рече Ибрахимовиќ по купувањето на клубот, а веднаш потоа следуваше и реакција од навивачите. Тие беа во неверување дека играчот заборавил од каде ја почнал кариерата и кој му дал шанса, па му порачаа дека веќе е избришен од историјата на клубот.

Ибра сега е еден од најомразените играчи во Малме, а целиот гнев беше искажан токму врз статуата. Најпрво на статуата беше закачена даска од веце шолја, а синоќа се случи и кулминација, кога беше запалена статуата.

https://youtu.be/-sCuC4UI9YQ

 

- Оглас -

Најнови вести