Роберто Манчини му подари дрес со број 10 на Папата Хорхе Марио Бергољо откако со целата италијанска фудбалска експедиција беше во посета на Ватикан.
Папата познат како Франциско им честиташе на Аѕурите пласман на Европското првенство во 2020 година, што е остварен на 3 кола пред крајот со серија од 7 победи.
Манчини има уште причини за радост бидејќи му се подготвува продолжување на договорот до 2022 година, како награда за триумфалниот од на Италија во квалификацискиот циклус.
Моментите за паметење за некогашниот голем фудбалски ас можат да се зачинат со десетка, односно со подвиг и 10 победи во групата Ј, што би бил рекорд и уникатно постигнување во историјата на италијанскиот фудбал. Актуелниот рекорд е стар 89 години и го држи селекторот Виторио Поцо со 9 победи со генерацијата фудбалери што играа во сезоната 1938/39.