Му памти од 2017 година – Беверли го нападна Пол од зад грб, па беше исклучен (Видео)

Патрик Беверли беше немоќен против брилијантниот Крис Пол и очигледно фруструиран од клучниот пораз на Лос Анџелес клиперс против Феникс санс со 103:130, го нападна ривалот од зад грб, грубо го турна и потоа беше исклучен.

Еден од најдобрите дефанзивци во НБА-лигата не можеше никако да го сопре 37-годишниот ветеран на Сонцата, кој постигна 41 поен, па реагираше неспортски.

Феникс лесно го доби мечот со кој ја заврши серијата со конечен триумф од 4:2 во победи и се пласира во финалето, а на шега љубителите на НБА-лигата велат дека Беверли му памти на Пол за трампата од 2017 година.

Пред четири лета, Беверли и уште шестмина кошаркари на Хјустон рокитс заминаа во Лос Анџелес клиперс во замена за Крис Пол.

Феникс по вторпат по 1993 година ќе игра финале во НБА-лигата, прво за Крис Пол во кариерата. Сонцата пред 28 години загубија со 4:2 од Чикаго булс, па сега ќе имаат втора шанса за сефте титула во најсилната лига на светот.

Во финалето ривал ќе им биде подобриот тим од плејоф-серијата меѓу Милвоки бакс и Атланта хоукс, каде што момментно резултатот е 2:2 во победи.

 

- Оглас -

Најнови вести