Му прилегаат рекордите – Меси е единствениот во Ла Лига со 20+ гола во 12 сезони по ред

Лионел Меси си запиша уште еден рекорд во богатата колекција и синоќа стана единствениот фудбалер во шпанската Ла Лига што постигнал 20, или повеќе голови во 12 сезони по ред.

Аргентинецот ја затресе мрежата на Мајорка во третата минута од судиското продолжение и веќе на контото има 20 погодоци во шпанското првенство.

Со тој учинок е убедливо прв на листата со најдобри стрелци во Шпанија, а има шанса да се бори и за Златната копачка, бидејќи до крајот на првенството има уште 10 кола.

Моментно во Европа прв стрелец е Роберт Левендовски од Баерн Минхен со 30 гола. Зад него се Чиро Имобиле од Лацио има 27, исто како и Ерлинг Халанд за два клуба, Салцбург и Борусија Дортмунд, а потоа следат Тимо Вернер со 25, Кристијано Роналдо со 21, Меси со 20….

- Оглас -

Најнови вести