7.8 C
Skopje
понеделник, 23 февруари 2026

Му се насмевна среќата: Скопски експерт со 20 денари си ќари 100.000 денари од четири меча (Фото)

Во саботата, во скопско Козле е уплатен тикет на кој со само 20 денари, нето добивката изнесува 99.573 денари. Тактиката за овој тикет е едноставна, но не многу честа на уплатите.

На сите четири средби кои ги има одиграно, требаше домаќините да победат, а во првото полувреме голови да постигнат двата тима. Квотите за оваа игра се движат од 8.50 до 9.00 на четирите погодени средби.

На мечот од германската втора лига, во голеада, Шалке со 5:2 славеше над Магдебург, а во првото полувреме беше 2:1. Во шпанското првенство, Атлетико Мадрид со 4:2 го победи Еспањол, а во првото полувреме уште по 20 минути игра беше 1:1.

Брага со 2:1 водеше на полувреме против Виторија Гимараеш, а на крајот победи со 3:2. Во француската втора лига, некогашниот шампион Сент Етјен со 2:1 го победи Лавал во меч на кој сите три погодоци беа постигнати во првото полувреме.

Неверојатни два пресврти вчера погоди обложувач во Струмица. Ал-Рајан на полувреме губеше со 0:1 од Ал Ахли Доха во првенството на Катар, а на крајот домаќините се радуваа на триумф од 2:1. Ова „два во еден“ вредеше 18 коефициент.

Вториот меч е „еден во два“ и тоа е меѓу Атлетико Грау и Хуан Пабло во првенството на Перу. Домаќините водеа со 1:0 на полувреме, а во вториот дел гостите постигнаа два гола, од кои побендичкиот беше во 90+4 минута, па тикетот на кој беа вложени 210 денари, добивката е 166.171 денари.

- Оглас -

Најнови вести