Бегал од часови за да гледа СП, сега му се оствари детскиот сон да игра за Англија на Мундијал

Светското првенство во Катар ќе биде шанса за многу фудбалери првпат да ја почувствуваат магијата на најважниот планетарен фудбалски собир. Еден од оние кои во последниве четири години имаше одличен фудбалски напредок и сосема заслужено го доби местото во репрезентацијата на Англија е Џек Грилиш.

Ѕвездата на Манчестер сити преку социјалните мрежи постираше видео на кое покажува како од најмали нозе сонувал за репрезентативниот дрес на Англија, а сега ќе ги брани боите на Гордиот Албион на Мундијалот во Катар.

„Сонот ми се оствари. Јас сум само дете од Солихул кое ќе оди на Светското првенство со Англија. Се сеќавам дека бегав од училиште за да го гледам мечот на Англија против Бразил во 2002 година. Тоа е моето прво Светско првенство на кое се сеќавам. Кога ќе помислам дека 20 години подоцна јас ќе играм на Мундијалот, ме прави пресреќен“, напиша Грилиш во пораката на која имаше голем број негови фотографии од детството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести