Му се смееле поради изгледот и искинатите копачки, а сега е на кровот на Африка

Многумина од фудбалерите кои сега се светски ѕвезди имале не многу среќно детство и потекнуваат од семејства кои биле на работ на егзистенција. Токму таква е приказната на Садио Мане, фудбалерот кој синоќа беше прогласен за најдобар на Африканскиот куп на нациите и на својот Сенегал му го донесе првиот трофеј на континенталното натпреварување.

Тешка била животната приказна на сегашниот фудбалски херој на многу млади од целиот свет. Садио израснал во сиромашно семејство, а многу рано останал без татко. Ѕвездата на Ливерпул неодамна откри како станал фудбалер.

Мане бил дел од стотина деца кои имале ист сон. Кога се појавил малиот Садио, сите почнале да му се смеат и да го понижуваат велејќи му дека никогаш нема да може да успее како фудбалер.

„По тој тренинг, зминав дома и не реков ништо никому освен на мојот најдобар пријател. Долго време го барав пријателот кој ми позајми пари за да заминав во Дакар. Таму ме пречека семејство кое воопшто не го познавав, но веднаш почнав да тренирам во поголеми клубови. По 200/300 деца ја чекаа својата шанса“

„За мене започна лошо затоа што на претставувањето сите ми се исмеваа. Не изгледав како фудбалер. Носев пантолони кои личеа на сè само не на фудбалски шорц. И копачките ми беа искинати од страните, па морав да ги врзувам со жица. Луѓето кои тогаш ме гледаа постојано ме прашуваа едно исто. „Ти сакаш да бидеш фудбалер?“ Ги разбирав зошто тоа ми го зборуваат, но немав избор. Откако видоа дека не сум лош, ме зедоа во екипата“, раскажува Мане.

Садио започнува да игра во еден локален тим, а потоа прави трансфер во Мец. Таму го привлекува вниманието на Салцбург, кој плати четири милиони евра за негов трансфер во 2012 година.

Наредниот трансфер го прави во 2014 година, кога за сума од 23 милиони евра заминува во Англија, во тимот на Саутхемптон. Со одличните игри го привлече вниманието на Ливерпул. Англискиот гигант во 2016 година плати 41 милион евра и оттогаш целиот фудбалски свет го запозна еден од најдобрите фудбалери на денешницата.

 

- Оглас -

Најнови вести