Мундијалот не е недостижен: Македонија се врати од „минус 10“ и со четири гола негатива го чека реваншот во Битола

Женската ракометна репрезентација на Македонија загуби од Полска со 22-18 во Кошалин, во првиот меч од баражот за пласман на Светското првенство. Реваншот ќе се игра во сабота, во салата „Боро Чурлевски“ во Битола, каде што македонските ракометарки со помош на навивачите ќе се обидат да ја надоместат оваа негатива.


Полска поведе со 8-4, потоа зголеми и на 10-6, а на полувреме обезбеди шест гола предност (14-8). Во овој период македонските ракометарки играа слабо во нападот, а и одбраната не беше доволно цврста.


Полските ракометарки продолжија во добар ритам и на почетокот на вториот дел, стигнаа и до десет гола предност (21-11), но Македонија не се предаде.


Ја подобрија играта во одбраната и почнаа полека да ја топат предноста на противникот. Намалија на 22-15, а потоа постигнаа и уште три гола во низа, за конечни 22-18. Тоа, според развојот на настаните на овој меч, е одличен резултат за Македонија пред реваншот.


Сара Ристовска беше стрелец на осум гола за Македонија, Коларовска, Гакидова и Дамјаноска постигнаа по два. Промис постигна шест гола за селекцијата на Полска.

- Оглас -

Најнови вести