29.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Мундо Депортиво: Со Меси сè е во ред

Капитенот на Барселона Лионел Меси, не ја обнови повредата на листот од десната нога и продолжува со процесот на рехабилитација со цел да биде подготвен за претстојниот викенд. Ова го тврди каталонскиот медиум „Мундо депортиво“, кој го пренесе демантот на лекарскиот тим на шпанскиот првак.

Меси продолжува да тренира настрана од тимот и врши напори да биде подготвен за гостувањето во Памплона, каде што Барса ќе атакува на нови бодови против Осасуна. Единствениот начин Аргентинецот да не запише сезонско деби е доколку Ернесто Валверде одлучи да не ризикува со него, а сето тоа ќе се утврди со прегледите за физичка подготвеност.

Во случај Меси да не биде целосно подготвен, клубот нема да го форсира и ќе му даде време колку што е потребно да ја поврати формата.

- Оглас -

Најнови вести