Селекторот на Швајцарија, Мурат Јакин, ќе остане на својата позиција, објави Швајцарската фудбалска федерација. Деталите за договорот и неговото продолжување не беа откриени за јавноста.
Селекцијата на Швајцарија остави позитивен впечаток на ЕВРО 2024 и стигна до четвртфиналето, каде што загуби од финалистот Англија по изведување пенали.
Мурат Јакин го води националниот тим од 2021 година, претходно ги доведе до осминафиналето на Светското првенство во Катар 2022, каде што беа поразени од Португалија.