Муриќи: Ако се пласираме на СП, ќе играм таму и потоа среќен ќе се пензионирам

Напаѓачот на Мајорка и на косовската репрезентација, Ведат Муриќи, има сон на 32-годишна возраст првпат да заигра на Светско првенство и ако му се оствари тој сон, веќе нема да игра фудбал.

Косово вечерва во полуфиналето од баражите за СП гостува кај Словачка, а ако победи, потоа би играле финале дома против Турција или против Романија.

„Мојата енергија опаѓа, по секој меч единствено што сакам е да заспијам, дури и тренинзите ми се напорни. Но, уште имам сон. Ако Косово се пласира на Светското првенство, ќе играм уште таму, а потоа ќе ги закачам копачките и конечно ќе одморам, би спиел многу помирно ако ми се оствари сонот. На 32 години да се игра на големо натпреварување во дресот на Косово ми значи сè, ќе дадам максимум да успееме. Подобар начин од тој со настап на СП да се заврши кариерата нема“, изјави Муриќи, кој веќе десет години е репрезентативец.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести