Актуелниот тренер на Рома, Жозе Мурињо, смета дека Карло Анчелоти е перфектен за клупата на Реал Мадрид и им порача на челниците на Кралевите да не чекаат и да му понудат нов договор на Италијанецот.
Договорот на Анчелоти со Реал Мадрид истекува на крајот од сезонава, а светските медиуми веќе пишуваат дека следен предизвик за Италијанецот ќе биде селекторското столче во бразилската репрезентација, како и дека во Кралскиот клуб немаат намера да седнат на маса со тренерот пред да заврши сезоната.
„Кога имате супер тренер, зошто да барате друг? Знаејќи го Флорентино Перес, а го знам многу добро, тој е доста интелигентен човек и доколку знаете да читате меѓу редови тоа што го објавуваат медиумите, работата е јасна. Јас како навивач на Реал Мадрид, и голем фан на Анчелоти, можам да се надевам дека оваа сезона ќе биде фантастична за клубот и дека Карло ќе остане на „Сантијаго Бернабеу“ и идната сезона. Анчелоти е совршен тренер за Реал Мадрид. Сигурен сум дека Анчелоти ќе остане во Реал ако Перес направи и мал знак на внимание“, изјави Мурињо.