Жозе Мурињо беше сериозен кандидат да го замени Лучано Спалети на позицијата селектор на италијанската фудбалска репрезентација, објави весникот „Ла Република“.
Според изворот, компанијата „Адидас“, која е технички спонзор на италијанската репрезентација, била подготвена да покрие дел од платата на Португалецот.
Но, Специјалниот не стана селектор на Аѕурите од две причини: прво, Фенербахче не сакал да го отпушти својот тренер без финансиска компензација, и второ директорот на репрезентацијата Џанлуиџи Буфон се спротивставил на евентуалното назначување на Мурињо, верувајќи дека не им е потребен Италијанец, некој што играл за репрезентацијата.
На крајот, Џенаро Гатузо беше назначен за селектор. Има шпекулација и дека Буфон се заканил дека ќе поднесе оставка ако за селектор биде вратен Роберто Манчини кој истотака се спомнуваше во комбинациите.