11.8 C
Skopje
вторник, 30 септември 2025

Мурињо: Додека некој не освои четири титули со Челзи во Премиер лигата, јас сум најголем

Жозе Мурињо го има водено Челзи на повеќе од 200 натпревари во периодите помеѓу 2004-2007 и 2013-2015 година, освои осум трофеи, од кои три во Премиер лигата, а вечерва како тренер на Бенфика, желбата на Специјалниот е да ги земе трите бода против Челзи на стадионот кој некогаш беше негов дом.

Мурињо се врати на „Стемфорд бриџ“ речиси пет години по неговото последно гостување таму и во свој стил коментираше како се чувствува.

„Секогаш ќе бидам Син. Им помогнав да станат поголем клуб, а тие ми помогнаа мене да станам поголем ЖозеЈас сум дел од историјата на Челзи. Кога бев тука, тимот победуваше. Додека некој не освои четири титули во Премиер лигата, никој нема да биде поголем менаџер од мене. Да, тука се чувствувам како дома, но веќе играв тука како менаџер на Тотенхем, Манчестер јунајтед и Интер. Во 90-те минути не размислувам каде сум, повеќе не сум Син, сега сум Црвен и сакам да победам“, рече Мурињо. 

Новинарите го прашаа Мурињо дали би потпишал нерешен резултат 0-0?

„Однапред не. Можеби во 88-мата минута би потпишал трипати, зависно од текот на натпреварот. Нерешениот резултат е одличен ако Челзи е многу подобар од нас, ако доминира над нас и нè потиснува назад. Ако не можеме да создадеме ништо, нерешениот резултат е одличен. Играме за бодови, секој бод се брои во овој формат, ни помага да ја постигнеме првата или втората цел“, додава Мурињо. 

- Оглас -

Најнови вести