Мурињо е бесен, Хари Кејн мора да остане две недели во карантин

Ѕвездата на Тотенхем, Хари Кејн, по враќањето од летувањето на Бахамите, мораше да замине во 14-дневен карантин и ќе го пропушти почетокот на подготовките на тимот. Ова воопшто нема да му се допадне на тренерот Жозе Мурињо, но вината не е кај Кејн бидејќи пред да замине на Бахамите, таа земја не беше на „црната листа“ на ризични земји, туку додека престојуваше таму, на 7 август британската влада донесе одлука дека сите кои доаѓаат од таму, по пристигнувањето во Велика Британија мора да седат во домашен карантин.

Кејн замина на одмор по последниот меч на Петлите од Премиер лигата против Кристал палас на 26 јули. Додека беше на одмор, му беше и роденден, па тој се пофали дека роденденот го прославил со ќерките со кои беше сликан на плажа.

Сега е во самоизолација и следната недела ќе му се приклучи на тимот во претсезонските подготовки. В сабота Тотенхем игра контролен меч против Ипсвич и Кејн нема да биде во тимот.

- Оглас -

Најнови вести