28.8 C
Skopje
среда, 30 јули 2025

Мурињо е лут како рис пред денешниот меч

Тотенхем во 2020 година заврши со лоша низа од четири меча без победа. Лондонскиот тим очекуваше таа негативна серија да ја сруши во последниот меч за ланската година, но тој не се одигра. Тотенхем требаше да игра против Фулам, но само неколку часа пред да започне дуелот, дојде одлука дека тој ќе биде одложен. Повеќе играчи за гостите се пожалиле дека се заразени со Коронавирусот, па од Федерацијата одлучија дуелот да не се одигра во предводениот термин.

Таквата одлука на само неколку часа до одигрување на средбата, многу го налути тренерот на Тотенхем Жозе Мурињо. Португалскиот стратег уште е лут поради тоа, иако мора сега да се фокусира да го подготви тимот за денешниот натпревар против Лидс.

„Не сакам да разговарам за одложениот меч против Фулам.Тоа беше многу непрофесионално, но што е тука е. За тој меч се подготвувавме цела недела и потоа некој го фрли во вода целиот труд кој го вложивме“, рече Мурињо.

Тотенхем се надева дека новата година ќе ја отвори со победа, но Лидс досега покажа дека знае да биде опасен ривал. Тимот на македонскиот репрезентативец Езџан Алиоски сезонава има четири победи и четири порази на осумте гостувања во Премиер лигата.

Овие две екипи играат прв пат по пауза од цели осум години. Последен пат играа во јануари 2013 година кога Лидс победи со 2:1.

 

- Оглас -

Најнови вести