Мурињо: Фудбалот е таква игра во која не секогаш победува подобриот

Во дербито на осмото коло од Серија А, Јувентус ја победи Рома со минимални 1:0 и со тоа ја продолжи својата добра серија во Серија А.

Иако гостите од Рим имаа одлична можност преку пенал да стигнат до израмнување, сепак тој не беше реализиран од страна на Јордан Верету во првото полувреме.

„Јас сум задоволен од моите фудбалери и сметам дека заслуживме победа. Верувам во ова раководство и организација на Рома и се надевам дека ќе продолжиме по вистинскиот пат.

Фудбалот е таква игра во која не секогаш победува подобриот, а така беше и против Јувентус. Сепак, се надевам дека овој пораз нема да не исфрли од ритам“ изјави Мурињо.

Стрелец на единствениот погодок на вчерашното дерби беше Мојзе Кен во 16-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести