15.8 C
Skopje
сабота, 12 јули 2025

Мурињо го кани Рамос во Рома

Тренерот на Рома, Жозе Мурињо, посакува поранешниот капитен на Реал Мадрид, Серхио Рамос, да му се придружи на „Олимпико“.

Рамос сè уште е во потрага по нов клуб откако си замина од ПСЖ, а изминативе денови е во преговори со саудискиот Ал-Итихад.

Но, шпанските медиуми пишуваат дека Рамос и саудискиот тим не можат да се договорат и дека нема да биде изненадување доколку фудбалерот на крајот се пресели во Рома.

Наводно, Мурињо имал телефонски разговор со Рамос, кому му порачал дека сака повторно да соработуваат, овојпат во Рома. Мурињо му беше тренер на Рамос во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести