Мурињо го сака Милер во Фенербахче, на Германецот му нудат едногодишен договор

Германската легенда Томас Милер на крајот на сезоната ќе го напушти Баерн, а 35-годишниот напаѓач сигурно нема недостиг од понуди од други клубови.

Една од опциите за него е кариерата да ја продолжи во Турција. Според турските медиуми, Фенербахче е подготвен на ветеранот да му понуди едногодишен договор со опција за продолжување на соработката на уште една сезона.

Главниот тренер на клубот од Истанбул, Жозе Мурињо, сака да ги замени Душан Тадиќ и Един Џеко, кои на крајот од сезоната си заминуваат со искусниот Германец.

- Оглас -

Најнови вести