Главната цел на Фенербахче и Жозе Мурињо оваа сезона е освојување на шампионската титула во Турција, а во походот по трофејот тргнаа со минимална победа на домашен терен против Адана Демирспор од 1-0.
Клубот за кој настапува нашиот репрезентативец, Јован Манев, немаше сили за изненадување и капитулираше во 34-тата минута, кога Един Џеко го постигна единствениот гол на натпреварот.
Јован Манев беше стартер за Адана Демирспор и на теренот мина 77 минута, кога беше заменет.