Трагичната вест за смртта на легендарниот стопер на португалската репрезентација и Порто, Жорге Коста, ја растажи цела Португалија, сите фудбалски клубови, и големите ривали на Порто се јавија да изразат сочувство, а најтажната реакција беше кога Жозе Мурињо беше прашан за ова пред натпреварот на Фенербахче од квалификациите за Лигата на шампионите во Ротердам против Феенорд.
„Дел од мојата историја е исчезнат“, почна Мурињо, кој ги бришеше солзите, а од неговите очи беше јасно дека плачел и пред конференцијата бидејќи му беа целосно крвави, а потоа продолжи да го величи својот пријател, на кого му беше тренер во Порто.