26.8 C
Skopje
среда, 9 јули 2025

Мурињо ја призна грешката

Жозе Мурињо призна дека направил грешка што не ги почитувал мерките против ширење на Коронавирусот. Денес Португалецот и уште тројца играчи на Тотенхем беа фатени на дело како тренираат во парк во Лондон, притоа не одржувајќи го потребното растојание меѓу нив.

„Признавам дека моите постапки не беа во согласност со протоколот на надлежните и дека можеме да бидеме во контакт само со членови од сопствените домови. Потребно е сите да ја одиграме својата улога во оваа битка и да ги следиме советите на надлежните со цел да им ја олесниме работата на нашите херои во здравствените установи“, изјави Мурињо за Би-би-си.

 

 

- Оглас -

Најнови вести