19.8 C
Skopje
вторник, 22 јули 2025

Мурињо: Јас сум пример за сите како треба да се однесуваат

Жозе Мурињо не може да мирува. Тренерот на Тотенхем уште еднаш реши да ги „закачне“ своите колеги од Премиер лигата, велејќи дека сите треба да го следат неговиот пример за тоа како еден менаџер треба да се однесува за време на средбата.

Португалецот не сакаше да даде примери за тоа кои тренери се однесуваат несоодветно, но оваа негова изјава доаѓа само неколку дена откако Пеп Гвардиола буквално го молеше четвртиот судија да ја смени бројката за тоа колку дополнителни минути треба да се одиграат на мечот против ВБА. 

„Долги години бев добар пример за лошо однесување покрај аут линијата и поради тоа често бев казнуван. Во овој момент, искрено, себе си се сметам за сјаен пример за тоа како треба да се однесуваат тренерите за време на мечевите. Гледам како другите тренери прават неверојатни работи и ги преминуваат сите граници“, вели Мурињо, без да даде конкретни имиња за кои тренери мисли дека не се пристојни за време на мечевите.

 

- Оглас -

Најнови вести