Мурињо: Камерите на Амазон не ме следат само кога одам во тоалет

Тотенхем и Ливерпул се екипите кои ќе го одбележат 22-то коло во Премиер лигата. Дербито меѓу двата последни финалисти од Лигата на шампионите утре ќе ги одмерат силите во Лондон, а Жозе Мурињо во пресрет на тој меч зборуваше околу вниманието кое е насочено кон него и Јирген Клоп.

„Амазон прајм“ продукцијата снима документарен филм за клубот од Лондон веќе извесно време, па затоа се следи секој чекор на главните фаци во просториите на Тотенхем, нешто што му смета на Мурињо.

„Не ми пречи што камерите сакаат да ме снимаат во тек на натпреварите. Ми пречат оние на Амазон кои ме следат цело време. Само во тоалет можам да бидам сам, инаку го следат секој мој чекор. Останатото внимание не ме засега, секој прави приказна каква сака. Не сакам овој меч да се гледа само како Мурињо против Клоп, туку како Тотенхем против Ливерпул. Да уживаме на тој начин“, истакна Мурињо.

Дербито е предвидено за утре во 18:30 часот.

- Оглас -

Најнови вести