0.8 C
Skopje
четврток, 29 јануари 2026

Мурињо: На Хаусен му реков дека треба да се среќни што загубија само со два гола разлика

Жозе Мурињо првпат во кариерата го победи Реал Мадрид, а имаше што да им каже и на своите ученици Алваро Арбелоа и Дин Хаусен.

„Се извинив за прославата, но Алваро е фудбалски човек и сфати дека во тој момент забораваш сè. Ми рече да не се грижам за тоа“, рече Мурињо. 

Тој разговарал и со Дин Хаусен во тунелот.

„Дин беше мој играч во Рома. Тој е пријател на моите синови. Нашите семејства се познаваат добро и имам многу добар однос со него. Разговаравме за натпреварот. Момчето беше разочарано, но му кажав дека имале среќа што изгубија само со два гола разлика. Можеше да биде и повеќе“, откри Специјалниот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести