Португалскиот тренер кој во моментов ја предводи Рома, Жозе Мурињо, на маса ја има најголемата понуда која некогаш ја добил некој тренер. Станува збор за Фудбалскиот Сојуз на Саудиска Арабија, која му нуди на Мурињо да ја преземе нивната репрезентација за неверојатни 60 милиони евра годишно. Понудата е за договор од две години, што би значело дека Мурињо вкупно би добил 120 милиони евра.
Секако дека Португалецот во моментов е концентриран на работата во Рома, но ваква понуда тешко може да се игнорира, иако Специјалниот и до сега има заработено и повеќе од многу.
Доколку се случи Мурињо да ја прифати понудата од Саудиска Арабија, тоа ќе биде најголемиот договор во историјата на фудбалот кога се во прашање тренерите.