Мурињо начека шанса: На Лампард му е најлесно во Челзи

Франк Лампард имаше лошо деби на клупата на Челзи, со пораз од 0:4 на „Олд Трафорд“ против Манчестер јунајтед, а Жозе Мурињо начека шанса за критика.

„Велат дека Лампард има најтешка задача, поради забраната за трансфери на клубот. Јас не мислам така. Сега е најлесно, бидејќи нема притисок да победува. Кога сите притискаат да победуваш и да освојуваш титули, тогаш е најтешко. Дури мислам и дека Френк има најлесна задача од сите менаџери кои пред него го предводеле клубот од клупата“, изјави Мурињо.

Тој е соработник на Скај спортс и аналитичар за познатата телевизија. Челзи не беше активен на летниот трансфер пазар, поради забраната за трансфери од УЕФА.

Мурињо му беше тренер на Лампард во Челзи, а заедно ја освоија титулата во Лигата на шампионите во 2012 година со победа против Баерн во Минхен на пенали.

 

- Оглас -

Најнови вести