Мурињо навистина е Специјален: Како волонтер носи храна и лекови на изнемоштени (Видео+Фото)

Не случајно Жозе Мурињо го нарекуваат Специјалниот. Покрај тоа што е посебен покрај фудбалскиот терен, португалскиот стратег покажа дека знае да помогне кога е најпотребно и надвор од стадионите. Во време кога фудбалот е „замрзнат“, а низ целиот свет „владее“ Коронавирусот, Мурињо се стави во служба на граѓаните.

Без многу публицитет и помпезност, Мурињо се пријавил да биде доброволец во центарот за помош на стари лица во лондонскиот кварт Енфилд. Заедно со останати волонтери, Мурињо е задолжен да оди до домовите на оние луѓе кои немаат можност да излезат и да ги купат основните намирници за живот.

Мурињо не сакаше да прави спектакл од неговата добротворна работа, но останатите волонтери го „издадоа“ дека помага на изнемоштените и постираа клипови и фотографии на социјалните мрежи.

https://twitter.com/i/status/1242196976940220417

 

 

- Оглас -

Најнови вести