3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Ливерпул победи по подолго време, но Арне Слот е „заглавен“ со повреди на важните играчи

Ливерпул по подолга пауза оствари победа во Премиер лигата, совладувајќи ја Астон vила со 2-0 во саботата, но тимот продолжува да биде под влијание на повреди. Триумфот, кој ја прекина серијата од четири порази по ред, ги искачи Црвените на третото место на табелата.

Следната недела Ливерпул го очекуваат два клучни натпревари: средба од Лигата на шампионите против Реал Мадрид во среда и дерби во Премиер лигата против Манчестер сити на стадионот „Етихад“ наредниот викенд, пред почетокот на ноемвриската репрезентативна пауза.

Сепак, тимот на Арне Слот се соочува со големи проблеми со повредени играчи.

Александер Исак ги пропушти последните три натпревари поради повреда на препоните. Сè уште не се вратил на тренинг и неговото учество пред репрезентативната пауза е неизвесно.

Кертис Џонс ги пропушти последните два меча и сè уште не тренира, а Слот за него ќе даде нови информации пред натпреварот со Реал.

Жереми Фримпонг се бори со повреда на задниот дел на бутниот мускул и ги пропушти последните три натпревари, а сѐ уште нема точен датум за неговото враќање.

Алисон Бекер има повреда на задниот дел на бутниот мускул и ги пропушти последните шест меча. Сè уште не е познато дали ќе биде подготвен пред или по паузата. Алисон неодамна сподели мотивирачка порака на Инстаграм: „Чекор по чекор“.

Џовани Леони, летното засилување од Парма за 26 милиони фунти, ги скина лигаментите во септември во Лига купот и ќе биде надвор од терените неколку месеци, со надеж дека ќе се врати во врвна форма следната година.

Единствена позитивна вест е враќањето на Рајан Гравенберх, кој постигна гол за Ливерпул против Астон вила откако закрепна од повреда на глуждот.

Во моментов Ливерпул ќе мора да се справи со овие предизвици пред важните натпревари во Лигата на шампионите и Премиер лигата.

- Оглас -

Најнови вести