Жозе Мурињо ја прекина перфектнаата низа од пет победи во пет финалиња во европските натпреварувања откако неговата Рома загуби од Севиља во борбата за трофејот во Лигата на Европа.
Веднаш по завршувањето на финалето, Мурињо го доби медалот за второто место, но Португалецот покажа дека тоа воопшто ништо не му значи. Португалецот веднаш го извади медалот и му го фрли на едно дете кое беше во публиката.
Mourinho gave his medal to a fan pic.twitter.com/bs7lcbpTjL
— Sean Gillen (@SeanGillen9) May 31, 2023
Момчето беше пресреќно дека за сувенир го доби токму медалот наменет за Мурињо.