Жозе Мурињо не е опција за Баерн, односно нема да биде идниот тренер на „баварците“, иако имаше и такви шпекулации, а му подели многу комплименти на Нико Ковач, сегашниот кормилар на шампионот.
„Не сакам да ја загуби работата бидејќи се гледа дека напорно работи. Баерн е гигант и за секого би било чест да биде тренер на таков клуб, но ве уверувам дека сум искрен“, изјави Мурињо.
Претходно неколкупати тој остро го критикуваше Хрватот, особено по елиминацијата од Ливерпул во осминафиналето во Лигата на шампионите.
„Тажно беше да се гледа Баерн. Апсолутно грешеа во сè“, изјави тогаш Португалецот.