Мурињо: Не сакав Интер да освои тројна круна, сакам да остане само моја

Тренерот Жозе Мурињо, под чие водство пред 15 години Интер за последен пат беше европски првак, рече дека сака Нераѕурите да ја освојат Лигата на шампионите сезонава, но на шега кажа дека бил „загрижен“ од можноста Интер да освои тројна круна (ЛШ, првенство на Италија и Куп на Италија).

Португалецот е единствениот во историјата кој освоил тројна круна со италијански тим. Интер не ги освои Скудетото во Серија А и Купот, му остана само уште ЛШ, во која игра финале против ПСЖ.

„Ќе бидам многу искрен. Бев загрижен дека може да освојат тројна круна, не сакав да го направат тоа, сакам тројната круна да остане само моја. Сега би сакал да ја освојат ЛШ, а Луис Енрике се разбира дека прави одлична работа во Париз. Го трансформираше тимот кој остана без играчот број 1. Ако победи Луис, ќе бидам среќен за него“, рече Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести