Мурињо одлучи кој ќе биде капитен на Рома

Жозе Мурињо летово дојде на клупата на Рома, а по неколку одиграни пријателски мечеви, италијанските медиуми веќе шпекулираа за тоа кој ќе биде капитен на Римската волчица во новата сезона. Според најавите, Лоренцо Пелегрини ќе ја носи капитенската лента, а негов заменик ќе биде Брајан Кристанте.

Иако Пелегрини може да ја носи капитенската лента, како вистински лидер на тимот е Хенрих Мхитарјан. Ерменецот минатата сезона одигра одлично и е прва ѕвезда во тимот. Рома денеска играше против Белененсеш и победи со 3:1.

- Оглас -

Најнови вести