Мурињо откри зошто Де Бројне и Салах си заминале од Челзи во времето кога тој им беше тренер

Веројатно малкумина се сеќаваат дека двете големи премиерлигашки ѕвезди, Мохамед Салах и Кевин де Бројне, беа дел од екипата на Челзи во периодот кога тренер на „Стемфорд бриџ“ беше Жозе Мурињо.

Многумина го напаѓаат зошто дозволил двајцата фудбалери да си заминат, а сега се незаменливи во екипите на Ливерпул и Манчестер сити. Сепак, Специјалниот вели дека не било баш така и тој сакал да ги задржи, но фудбалерите не сакале повеќе да останат во Челзи.

„Заминаа бидејќи така сакаа. Тие заминаа бидејќи не сакаа да чекаат. Историјата вели дека нивната опција беше добро бидејќи направија врвни кариери. Кога луѓето ми велат ‘ти го пушти Салах да замине’, јас им го кажувам спротивното. Јас го донесов Салах, јас се изборив тој да дојде во Челзи бидејќи требаше од Базел да потпише за Ливерпул. Не сакаше да чека, сакаше да оди на позајмица, па Челзи одлучи да го продаде. Им реков да го пуштиме на позајмица ако смета дека треба да игра на секој натпревар“, вели португалскиот стратег Жозе Мурињо.

- Оглас -

Најнови вести