Во една европска земја клубовите се едногласни, а тоа е дека не сакаат ВАР систем

Во шведското фудбалско првенство нема да боде воведена Видео анализа попозната како ВАР систем. Ова е одлука откако клубовите во елитното шведско првенство се изјасниле против воведување на ВАР системот.

ВАР системот веќе неколку години се користи во најсилните лиги во Европа, но факт е дека токму поради оваа технологија, се прават нови спортни моменти, а дел од одлуките се доведуваат и по неколку минути прегледување на спорниот момент.

„Ако добро пребројав, имаме 18 клубови кои се изјаснија дека не сакаат воведување на ВАР системот. Ние тоа ќе го почитуваме. Токму затоа не зборувавме за ВАР на претходниот состанок. Претставниците на клубовите не го сакаат тоа ниту во иднина. Ние почитуваме демократија“, рече претседателот на фудбалската федерација на Шведска, Фредрик Реинфилд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести