Мурињо постигнал договор да стане селектор на една од најсилните репрезентации

Пред непона година, Жозе Мурињо беше назначен за тренер на Фенербахче. Фановите на овој турски гигант очекуваа дека со доаѓањето на Мурињо, конечно нивниот омилен тим да ја освои титулата, но за жал, најверојатно повторно ќе останат разочарани.

Фенербахче е втор, далеку зад лидерот Галатасарај. Токму затоа, сега се погласни се шпекулациите дека Мурињо може да си замине од Истанбул.

Најавите се дека конечно е дојдено време Мурињо да ја превземе селекторската функција во португалската репрезентација. Моментално, предводник на Португалија е Роберто Мартинез кој седна на клупата во јануари 2023 година, но новинарот Ахмет Селим Кул тврди дека Мурињо веќе ги договорил сите услови за да биде нов предводник на Португалија.

 

- Оглас -

Најнови вести