Тренерот на Бенфика, Жозе Мурињо, пред натпреварот против Фарензе од Купот на Португалија нагласи дека е познат, пред сè, по освоените трофеи.
За време на прес-конференцијата, еден од новинарите го праша 62-годишниот Португалец дали неговите изјави за новинарите се дел од „психолошки трикови и ментални игри“.
„Извинете, но мислам дека сум познат по титулите што ги освоив, а не по глупавите работи што ги кажувам одвреме-навреме“, рече Мурињо, кој има освоено 26 трофеи во текот на својата кариера, вклучувајќи два пехари од Лигата на шампионите.

