Поранешниот тренер на Челзи, Жозе Мурињо, очекува финалето на Лига Европа кое се игра в среда во Баку, да биде последен меч за Еден Азар како член на „сините“ од Лондон. Се шпекулира дека 28-годишниот Белгиец веќе е договорен со Реал Мадрид, и се чека само да заврши финалето на ЛЕ за да биде објавен трансферот, а истото мислење го има и Мурињо.
Што се однесува до исходот од финалето, Мурињо очекува Арсенал да биде под голем притисок и Челзи да го искористи тоа. Челзи веќе има обезбедено место во Лигата на шампионите, за разлика од Арсенал кој мора да ја освои ЛЕ за да се најде меѓу 32-те најдобри во Европа.
„Притисокот е поголем врз Арсенал, бидејќи мора да победи ако сака да игра во ЛШ. Многу милиони фунти се во игра, за Арсенал не е исто дали ќе победи или загуби“ – вели „специјалниот“.