Напаѓачот на саудискиот Ал-Итихад, Французинот Карим Бензема, би можело да ја продолжи кариерата во португалскиот клуб Бенфика.
Новиот главен тренер на Бенфика, Жозе Мурињо, е лично заинтересиран за потпишување на 37-годишниот Бензема, кого го познава од времето на нивниот заеднички престој во Реал Мадрид (Бензема даде 78 гола на 150 меча под водство на Мурињо).
Ал-Итихад е подготвен да го продаде Бензема оваа зима за отштета од 5-7 милиони евра, но поголем проблем е дали Карим ќе се согласи на драматично намалување на платата бидејќи сега е еден од најплатените во светот. Доколку дојде во Бенфика во јануари, теоретски би можело да заигра против неговиот Реал Мадрид на 28 јануари.
Бензема одигра два натпревари за Ал-Итихад оваа сезона, постигнувајќи три гола. Интерес за него нема само од Бенфика, туку и од француски и американски тимови, па ако реши да замине од Саудиска Арабија, ќе треба да одбере помеѓу повеќе опции.