Мурињо сака да го засили Фенербахче со фудбалер на Реал Мадрид

Десниот бек на Реал Мадрид, Лукас Васкес, би можело да ја продолжи својата кариера во турскиот гигант Фенербахче. Триесет и тригодишниот Шпанец ќе го напушти Kралскиот клуб по Светското клупско првенство бидејќи неговиот договор истекува и нема да биде продолжен.

Интерес за Васкес покажува токму Фенербахче, чиј тренер Жозе Мурињо сака да го види во својот тим за следната сезона.

Фенербахче веќе стапил во контакт со играчот и неговите претставници, распрашувајќи се за условите под кои би прифатил трансфер во Истанбул.

Лукас Васкес е дел од Реал Мадрид од 2015 година и има освоено бројни трофеи со клубот. Претходно настапуваше и за Еспањол.

- Оглас -

Најнови вести