Мурињо се пофали со подарок од Пловдив, на потег е Шкендија

Менаџерот на Тотенхем, харизматичниот Жозе Мурињо, на социјалните мрежи се пофали со подарокот кој го добил за време на гостувањето кај Локомотив Пловдив во Бугарија, а тоа е автобиографската книга на Христо Стоичков.

Мурињо напиша дека бил изненаден од подарокот, се сликаше со книгата и додаде дека со Христо се пријатели повеќе од 20 години. Португалецот и Бугаринот се познаваат уште од времето кога Жозе беше дел од стручниот штаб на Барселона кога главен тренер беше Боби Робсон, а Стоичков беше една од главните ѕвездите во тимот.

За некој ден, Мурињо ќе дојде во Скопје, в четврток Тотенхем гостува кај Шкендија, па можеби и тетовци ќе се сетат да му дадат некој интересен подарок за сеќавање на оваа посета.

- Оглас -

Најнови вести