Мурињо смета дека играчите на Рома го предале, им го врати прстенот кој му го подарија

Жозе Мурињо на невообичаен начин се прости од фудбалерите на Рома оставајќи го прстенот кој му го подарија играчите по триумфот во Лигата на конференции, а сега е откриено дека притоа им оставил и порака.

Минатиот месец, поради слаби резултати и по поразот од Милан (1:3), Мурињо доби отказ со Рома, а сега весникот „Ил Месаџеро“ пишува дека Португалецот го оставил прстенот во ормарот на капитенот Лоренцо Прелегрини и притоа напишал порака: Кога ќе бидете мажи, вратете ми го прстенот“.

Наводно Мурињо чувствувал дека играчите го предале и веднаш го поддржале новиот тренер Даниеле де Роси, кој има одличен старт со три победи во три меча во Серија А.

За разлика од фудбалерите, Мурињо емотивно се прости од навивачите.

- Оглас -

Најнови вести