Малку фалеше Мурињо да пушти некоја солза додека го напушташе тренинг-кампот на Рома (Видео)

Жозе Мурињо од денеска и официјално повеќе не е тренер на Рома. Италијанскиот калчолигаш му даде отказ на португалскиот стратег и тоа поради слабите резултати. Мурињо на клупата на Рома беше повеќе од две години и  во витрините на овој тим го донесе трофејот од Конференциската лига на УЕФА.

Фудбалерите на Рома не биле запознаени со одлуката на првите луѓе на клубот, Ден и Рајан Фридкин, па едноставно биле збунети на денешниот тренинг. На заминување од клупскиот тренинг-камп, автомобилот во кој беше Мурињо го сопреа навивачите на Рома, кои сакаа да се фотографираат со него, но и да му изразат благодарност за досегашната работа.  Малку фалеше португалскиот стратег да пушти и некоја солза.

Легндата на Рома, Даниеле де Роси, и официјално е назначен за наследник на Мурињо. Договорот на Де Роси е до крајот на оваа сезона.

Рома моментално се наоѓа на деветото место на табелата во Серија А.

 

- Оглас -

Најнови вести